Мирјана Марковиќ осудена една година затвор

Вишиот суд во Белград ја осуди денеска на една година затвор Мирјана Марковиќ сопруга на Слободан Милошевиќ и некогашната претседателка на партијата ЈУЛ, поради влијание на членови на владина комисија.

1462

Вишиот суд во Белград ја осуди денеска на една година затвор Мирјана Марковиќ сопруга на Слободан Милошевиќ и некогашната претседателка на партијата ЈУЛ, поради влијание на членови на владината комисија за извршено незаконско доделување на државни станови во 2000,јавува N1.

Со иста пресуда некогашната секретарка на Владата на Србија Живка Цица Кнежевиќ е осудена на година и пол затвор, а тогашниот директор на Дипос Милош Лончар на една година поради сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.

Нив, како се наведува во пресудата, Мирјана Марковиќ ги поттикнувала на сторување на тоа дело.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...