Мирувате, а срцето ви чука како лудо? Дознајте дали ви се заканува прерана смрт!

Заб­р­зан пулс е оној што е из­ме­рен пет ми­ну­ти по прес­та­ну­ва­ње­то на фи­зич­ка­та актив­ност, а пре­ми­ну­ва 100 от­чу­ку­вања.

1652

Ср­це­би­е­ње­то е еден од зна­ци­те што мо­же да упа­ти на зго­ле­мен ри­зик од пре­ра­на смрт. Ри­зи­кот од смрт­та по­ра­ди зго­ле­мен пулс не опа­ѓа ни ко­га сте во доб­ра физичка кон­дици­ја и со­се­ма здрави.

Нор­ма­лен пулс се сме­та ср­це­ви­от ри­там од 60 до 100 от­чу­ку­ва­ња во ми­нута.
Ре­дов­но­то веж­ба­ње овоз­мо­жу­ва по­ба­вен пулс во ми­ру­вање, но ис­тра­жу­ва­чи­те од Дан­ска от­кри­ле де­ка и спор­тис­ти­те и рек­ре­а­тив­ци­те има­ат заб­р­зан пулс, иа­ко се во за­вид­на те­лес­на кон­диција.

Заб­р­зан пулс е оној што е из­ме­рен пет ми­ну­ти по прес­та­ну­ва­ње­то на фи­зич­ка­та актив­ност, а пре­ми­ну­ва 100 от­чу­ку­вања. Се­пак, на­уч­ни­ци­те наг­ла­су­ва­ат де­ка ри­зи­кот за пре­ра­на смрт се ме­ну­ва и во рам­ки­те на рас­по­нот на нор­мал­ни от­чу­ку­ва­ња на срцето.

Пул­сот из­ме­рен при ми­ру­ва­ње од 51 до 80 от­чу­ку­ва­ња е пов­рзан со 40 до 50 от­сто зго­ле­мен ри­зик за пре­ра­на смрт, во спо­ред­ба со оние што има­ат 50, па и по­мал­ку от­чу­ку­ва­ња во ми­нута. Пулс од 81 до 90 от­чу­ку­ва­ња во ми­на­та го удво­ју­ва ри­зи­кот, а пулс над 90 от­чу­ку­ва­ња зна­чи трој­но по­го­лем ри­зик од пре­ра­на смрт.

Тоа зна­чи де­ка со се­кои 10 до 22 от­чу­ку­ва­ња по­ве­ќе во ми­ну­та рас­те ри­зи­кот за пре­ра­на смрт, се ре­зул­та­ти­те до­би­е­ни од сту­ди­ја­та спро­ве­де­на кај сре­до­веч­ни ма­жи пред 25 го­дини. Шес­на­е­сет го­ди­ни по ис­тра­жу­ва­ње­то 40 от­сто од нив би­ле мр­тви, а нај­го­лем ри­зик има­ле оние со заб­р­зан пулс.

Иа­ко на­уч­ни­ци­те сме­та­ат де­ка ср­це­би­е­ње­то е ге­нет­ски ус­ло­вено, за­ра­ди тоа што се ја­ву­ва и кај лу­ѓе­то со доб­ра фи­зич­ка кон­диција, се­пак се препо­ра­чу­ва се­кој чо­век да поч­не да прак­ти­ку­ва не­как­ва фи­зич­ка ак­тив­ност, да ја по­доб­рат ис­хра­на­та и да прес­та­нат да пу­шат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...