МИОА до ССК: Сите отворени прашања за трансферот од јавен во приватен сектор се разговараат со сите засегнати страни

305

Концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор, реагира Министерството за информатичко општество и администрација на соопштението на Сојузот на стопански комори за  дилемите поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.

– На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање итн.

МИОА го прифаќа испраќањето на соопштенија до јавноста како легитимен начин на размена на ставови и дилеим, но наш принцип на работа е и ќе продолжи да биде отворената и дирекна комуикација преку јавни расправи со сите засегнати страни.

Трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во Македонија, и секако дека има голем дел на отворени прашања и дилеми, кои за да се затворат неопходни се конструктивни предлози од сите засегнати страни. Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа, стоин во реакцијата на МИОА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...