Минхен ги отвори вратите за љубителите на пивото, почна 168. Октоберфест ГАЛЕРИЈА

340

Минхен денеска по 168 пат ги отвори вратите за љубителите на пивото. Го Баварскиот град почна познатиот фестивал на пивото Октоберфест

.Градоначалникот Дитер Рајтер, како што налага традицијата, првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.

Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.

Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.

Како и претходните години цената на пивото поскапе, па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во споредба со минатата година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...