Министри од регионот в среда ќе ја разгледаат одуката на Приштина за заштитна царина на овошје и зеленчук

105

Министрите задолжени за трговија, земјоделие и економија од четири држави од Балканот, ќе имаат в среда во Белград состанок на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација откако Приштина воведе „заштитни мерки“ за увоз на одделни видови овошје, зеленчук и пченка.

Домаќин на состанокот ќе биде српскиот министер Расим Љајиќ, јави Танјуг.

На состанокот ќе присуствуваат македонскиот министер за земјоделие Љупчо Николовски, црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ и министерот за трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ.

Се очекува заеднички став за новата одлука на Приштина која од пред два дена почна да се применува како – заштитна царина од 30 отсто на увоз на оделни видови овошје и зеленчук како и пченка.

Љајиќ вчера рече дека ќе бара итен состанок со ресорните министри на БиХ и на Македонија како и итна седница на ЦЕФТА по повод одлуката на Приштина. Со таа одлука според него, директно е прекршен договорот на ЦЕФТА. Од Приштина соопштија дека од пред два дена применуваат заштитна царина од 30 отсто на увоз на одделни видови овошје и зеленчук и пченка за „сите трговски партнери“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...