По основ на доспеани хартии од вредност Министерството за финансии утре и на 8-ми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството, по основ досепани издадени хартии од вредност.
Утре, како што соопшти Министерството, ќе бидат вратени седум милијарди денари, додека на 8-ми март, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.
На денес закажаната аукција на државни хартии од вредност, понудени се хартии од вредност во износ од 8,1 милијарда денари, односно нето задолжувањето со оваа аукција е нула, информира Министерството за финансии.