Министерството за труд: Со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

Во соопштението до јавноста од министерството тврдат дека со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедува стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање.

155

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, тврди Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Во соопштението до јавноста од министерството тврдат дека со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедува стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање.

– Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4% – велат од МТСП.

Оттаму и со индормација дека во изминатите две години е обезбедена стабилна исплата и континуиран раст на пензиите.

– Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари – велат од министерството за труд и социјална политика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...