Министерството за култура му благодари на истакнатиот режисер, Александар Поповски, кој изминатата година, со својот авторитет и работа на функцијата претседател на УО вложи напори за унапредување на работата на МНТ.
Поповски се заложи и за обезбедување квалитет на драмскиот дел од програмата на Охридско лето, како нејзин селектор. Министерството за култура ќе ја продолжи соработката со Поповски, а ќе води грижа и натаму да ги ангажира авторитетите во културата, истакнатите уметници и дејци, со цел за подобрување на состојбите во оваа област, се наведува во соопштението од Министерството.
Воедно, Министерството за култура информира дека веднаш ќе пристапи кон консултации за именување на нов член на Управниот одбор на Н.У Македонски народен театар во согласност со законските процедури ќе ја извести навремено јавноста.
Министерството веќе постапува по укажувањата за неправилности од страна на МНТ и ќе ги земе во предвид и денешните укажувања на г. Поповски. Министерството за култура ја следи состојбата во МНТ и ќе соработува интензивно како и досега со сите институции, во чии надлежности се посочените проблеми.