Министерот за поморство на Грција: Иранскиот танкер не доставил барање за впловување

55

Засега не постои официјално барање иранскиот танкер да вплови во некое грчко пристаниште, вели министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис за грчката телевизија Скај во однос на информациите дека иранскиот танкер од Гибралтар се упатува кон пристаништето во грчкиот град Каламата, jави дописничката на МИА од Атина.

– Ние, како Министерство за поморство, го следиме преку системот AIS. До овој момент не постои некое официјално барање за да вплови конкретниот танкер. Го следиме. Во отворена комуникација сме со Министерството за надворешни работи. Засега не постои официјално барање – вели Плакиотакис.

Во однос на тоа како Атина ќе одговори доколку пристигне и официјално барање, грчкиот министер вели дека тоа прашање ќе се решава во соработка со Министерството за надворешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...