Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари. Зголемувањето на минималната плата ќе важи од декември и се однесува не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.
Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.
-Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари – изјави Заев.
Тој потеницра дека до крајот на мандатот, кој истекува на крајот на 2020 година, се надева дека ќе ја постигнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.