Минималната пензија во Бугарија порасна на 130 евра

Политичките партии Атака и БСП побараа поединечно гласање за минимален износ на пензијата, утврден во буџетот за 2020 година.

201

Минималната пензија, според стаж и старост, од 1 јули ќе изнесува 250 лева (околу 130 евра), одлучија пратениците во бугарскиот Парламент.

За утврдување на оваа минимална пензија гласаа 214 пратеници.

Синоќа, политичките партии Атака и БСП побараа поединечно гласање за минимален износ на пензијата, утврден во буџетот за 2020 година.

Претседавачот на пленарната седница Емил Христов рече дека БСП ја попречува работата на седницата, по што ја прекина работата на Парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...