Минатата година за Доналд Трамп изразена преку бројки

250
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Втората година од претседателскиот мандат на Доналд Трамп беше обележана со спорни твитови, скандали за неговата мигрантска политика, именување на нови федерални судии, истрага за руското мешање во изборите во 2016 година и хаос во администрацијата.

Еве како изгледа минатата година за Трамп изразена преку бројки:

2.860 – е бројот на твитови кои Трамп ги напишал од почетокот на минатата година до 21 часот на 31 декември 2018 година.

139 пати го употребил изразот „лов на вештерки“, а најмногу со него ја опишувал истрагата на Роберт Малер за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Пет е бројот на соработниците на Трамп, кои се обвинети при истрагата на Малер.

193 пати американскиот претседател имаше несогласување со медиумите, обвинувајќи ги дека објавуваат „лажни вести“ за него.

66 е бројот на именуваните федерални судии, вклучувајќи и еден судија од Врховниот суд.

46 се митинзите кои претседателот Трамп ги одржа за поддршка на републиканските кандидати на изборите во Сенатот.

43 проценти е поддршката за политиката на Трамп во текот на изминатата година заклучно со декември.

52 отсто од Американците не го поддржуваат Доналд Трамп.

Пет милијарди долари е сумата која Трамп ја побара за изградба на ѕид долж границата со Мексико.

10 пати американскиот претседател излегол од границите на САД во текот на 2018 година. Тој патувал во Швајцарија, Канада, Сингапур, Белгија, Велика Британија, Финска, Франција, Аргентина, Ирак и Германија.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...