Во 2018 година 523 лица загинале во комерцијалниот авиосообраќај, а во 2017 година нивниот број изнесувал 19, со што 2017. е рекордна година на безбедни летови, соопшти синоќа Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА).
Минатата година забележан е мал пораст на авионските несреќи, од 1,11 несреќи на еден милион летови во 2017 на 1,35 минатата година.
– Минатогодишната стапка на несреќи е под 1,79 на еден милион летови што е забележана во последните пет години – се наведува во соопштението од ИАТА.
Најголемите авионски несреќи во 2018 година се уривањето на авион на „Лајон ер“ во Јаванско Море, при што загинаа 189 лица, потоа падот на авион на компанијата „Кубана де ависион“ во Куба, при што загинаа над сто луѓе, како и уривањето на авион на компанијата „Саратов“, при што загинаа 71 човек во близина на Москва.