Во 2018 година во Турција биле убиени 440 жени, покажуваат податоците на невладина турска организација.
Според платформата „Ќе ги запреме убиствата на жените”, само во јануари оваа година биле убиени 43 жени.
Информациите на организацијата говорат дека има зголемување на бројот на убиства во Турција во последните години, пишува „Хуриет Дејли њуз“.
Во 2017 година во земјата биле убиени 409 припаднички на понежниот пол. Формите на насилство врз жените се менуваат. Се зголемуваат убиствата од непознати сторители. Многу кривични дела се прикриени, вели Фидан Атаселим, главен секретар на платформата.
Таа истакна дека државните агенции „треба да бидат на страната на жените”, а полицајците треба темелно да ги собираат и анализираат доказите во случаите на убиства на жени.
Станува сè потешко да се идентификуваат извршителите на убиствата, бидејќи случаите не се прифаќаат сериозно, вели адвокатката Лејла Сјурен.
– Во Турција, ако жртвата е жена, не се вршат истраги – додаде Сјурен.