Фановите на Ники Минаж беа загрижени откако во јавноста се откри дека раперката е во врска со Кенет Пети, кој бил во затвор два пати.
Според „ТМЗ“ тој се обидел да силува девојка во 1996 година (кога двајцата имале 16 години) и неколку години откако бил ослободен, бил обвинет за убиство без предумисла.
Раперката се огласи за обвинувањата на Инстаграм.
– Тој имаше 15 години, таа 16 … додека беа во врска. Сите вие нема да ми го контролирате животот. Вие не можете да го контролирате ни вашиот – напишала таа.