Милијардерот Мајкл Блумберг денеска влезе во трката на кандидати на Демократската партија за претседателските избори во САД.
– Се кандидирам за претседател за да го победам Доналд Трамп и да ја обновам Америка. Не можеме да си дозволиме уште четири години необмислени и неетички акции на Трамп – изјави 77-годишниот Блумберг.
Тој, според Форбс, е осми најбогат Американец, чие богатство се проценува на 53,4 милијарди долари. Негова предност е што може сам да ја финансира својата кампања и да вложи милиони долари за реклама и за вработување на персонал.
Богатството на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се проценува на 3,1 милијарди долари.
Блумберг во четвртокот поднесе документи до Сојузната изборна комисија на САД за да се кандидира за претседател.
Тој една деценија беше градоначалник на Њујорк од редовите на Републиканската партија, а минатата година се регистрираше како демократ и стана гласен критичар на Доналд Трамп.
ФОТО: EPA / CJ GUNTHER