Милион милји време

По повод 20 години од создавањето на брендот, Лидија Георгиева ќе ја претстави својата јубилејна – јубилејна роденденска колекција

164

„Милион милји време“ е насловена најновата колекција на дизајнерката Лидија Георгиева создадена во атмосфера на патување и во рамките на едногодишно континуирано патување низ Европа. Дел од моделите дури се работени во автомобил во движење, некаде низ континентот…

Пробивањето на личните и општествените ѕидови и бариери, уживањето во неограниченоста, потрага по слободата, слобода на изразот и силното чувство на слобода кога патуваме се тема на оваа јубилејна колекција на Георгиева.

Креациите ги содржат препознатливите елементи на изградениот стил на дизајнерката – луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, како и отпечатоци.

Силуетите се раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив се за првпат презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд Фејмс – колекција рачно плетени модели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...