Талјандскиот милионер Арнон Родтонг ветил 300.000 долари за оној што ќе се венча со неговата ќерка, а сè што бара за возврат е да биде добар работник и да ја направи среќна, пишува „ЛАД бајбл“.
Тој поседувал фарма со овошје во Тајланд, а неговата 26-годишна ќерка, Карнсита, му помагала и ја водела семејната работа. Освен 300.000 долари, нејзиниот сопруг би ја наследил и фармата, чија вредност се проценува на неколку милиони долари.
Иако во Тајланд обичај е младоженецот да му плати на семејството на невестата, Арнон се одлучил на спротивното.
„Сакам некој што ќе се грижи за мојата работа и кој ќе ја унапреди. Не сакам некој што има само диплома, туку некој што е внимателен и не му е тешко да работи“, рекол Арнон.
Иако има и други деца освен Карнсита, тој цврсто се одлучил да му остави сè токму на нејзиниот сопруг.
„Штом добијам зет, нему сè ќе му префрлам“, ветил милионерот.
Карнсита, која има 26 години, зборува течно англиски и кинески јазик, тврди дека е девица и дека никогаш немала момче.
Таа вели дека не му се лути на татка си, можеби е „малку изненадена“, бидејќи за понудата дознала од пријател, а не од татко ѝ.
– Бев малку изненадена кога дознав за тоа, но ми беше и смешно. Сè уште сум сама. Ако веќе морам да се венчам за некој, би сакала да биде внимателен и добар човек што сака семејствo – изјавила Карнсита, која додала дека парите сака да ги троши на – пластични операции.
ФОТО: Принтскрин/Фејсбук