Делегација на собраниската Комисија за економски прашања учествува на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори во организација на Енергетската заедница, што се одржува денеска во седиштето на Европскиот парламент, во Брисел.
На состанокот ќе се дискутира за моменталната состојба со употребата на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во земјите-членки на Енергетската заедница, како и за начините за зајакнување на одржливата употреба на обновливата енергија во овие земји.
Покрај делегацијата од Собранието во која се Горан Милевски, претседател, Агим Шаќири, заменик-претседател и Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите-членки на Енергетската заедница, пратеници од Европскиот парламент и претставници од други европски институции.