Актерката Мила Кунис изјави за „Космополитен“ дека е вознемирена поради лажните гласини за развод од нејзиниот сопруг и колега од ТВ серијата „Луди 70-ти“, Ештон Качер.
– Не читам ништо за себеси. Не знам што точно пишуваат, но јас сега барем еднаш годишно „сум бремена“ и барем двапати годишно „се разведувам“ и „завршувам в болница“. Никој не ги разбира непријатностите што сето тоа ги предизвикува во моето семејство, вели актерката.
Кунис и Качер ги имаат тригодишната Вајат и едногодишниот Димитри, па лажните вести за бременост секогаш предизвикуваат мешани чувства, барем кај нејзиниот татко, истакнува таа.
– Татко ми секогаш се надева дека тоа е вистина, и постојано прашува „навистина ли ќе има уште едно?“, додава Кунис.