Милан Поповиќ, поранешниот партнер на познатата хрватска пејачка, Северина, и татко на нивниот малолетен син Александар, вели дека не е изненаден што по третпат фотографии од голата пејачка протекоа во јавноста.
– Не сум шокиран. Зачудувачки е како некој кој веќе имал лошо искуство со приватни фотографии кои се појавиле во јавност повторно дозволува да биде неодговорен кон себе и да му се повтори истото сценарио. Пред сѐ, како родител на дете кое неодамна тргна во училиште. Повторно прави фотографии за кои знае дека може да стасаат до јавноста и да му наштетат на детето – рекол Поповиќ за „Блиц“.