Фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер им вети на обожавателите дека ќе се врати на сцена најбрзо што може по операцијата на срцето во април.
Легендарниот музичар се врати на сцената по интервенцијата на срцето и – растури.
Концертот беше на стадионот „Солџер Филд“, а следната недела в вторник ќе има уште едно шоу.
Тоа и го направи синоќа на концертот во Чикаго каде ги израдува илјадниците фанови со неговата неуморна енергичност и препознатливите танцови движења.
Пред концертот, Џегер изјави дека изминатите недели вежбал за настапот, но не претерувал.
Американската турнејата „No filter“ повторно е активна, а 75-годишниот Џегер и неговите колеги Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Вотс се чини немаат намера да го забават темпото.
Мик Џегер беше подложен на замена на аортната валвула во Њујорк на почетокот од април. Со овој метод, заздравувањето е побрзо, објави „Асошиејтед прес“.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин