Мизо: Работниците не ги отпуштаме, ќе ги кратиме трошоците за да ја амортизираме кризата

Во земјава работат 30 компании кои се произведуваат за автомобилската индустрија во кои работат меѓу 25.000 и 30.000 работници.

2149

Рецесијата во автомобилската индустрија на глобално ниво ќе го намали извозот и производството, но нема да предизвика намалување на бројот на вработени во странските инвестиции кои работат во земјава, а се поврзани со оваа индустрија.

Странските компании од автомобилската индустрија во земјава, како што соопштија нивни претставници на прес-конференција во Стопанската комора, ќе се обидат да го амортизираат ударот од рецесијата на глобално ниво.

– Кризата во автомобилската индустрија само малку ќе го забави производството во компаниите во земјава. Ќе треба да го оптимализираме производството според потребите на компаниите за кои работиме преку кратење на највисоките трошоци во комланиите. Од нас ќе се бара да ја подигнеме и продуктивноста на работниците, ќе треба да се оведуваат иновации, но сето ова нема да доведе до отпуштање на работници – рече Виктор Мизо. директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора.

Тој очекува намалувањето на производството да биде од 3 до 5 отсто колкаво ќе биде и намалувањето на извозот од земјава бидејќи компаниите поврзани со автомобилската индустрија во земјава учествуваат со 50 отсто од извозот.

Во земјава работат 30 компании кои се произведуваат за автомобилската индустрија во кои работат меѓу 25.000 и 30.000 работници.

Боријан Борозанов, директор на „Аптив“ и потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората, како што рече, не очекува драстична криза за компаниите во земјава, но според него, следните две години ќе бидат значајни за конкуренцијата на компаниите.

– Во овој период ќе имаме концентрации на фирмите како што веќе е и најавено меѓу поголеми производители – вели Борозанов.

Компаниите веќе испорачале 30 барања за кои ќе треба многу брзо да седнат со владини претставници и да ги разгледаат.Предлозите и идеите на компаниите се однесуваат на сферата на даноците, образованието, здравството, државната помош, тренингот, обуките.

Кризата во автомобилската индустрија на глобално ниво ја предизвика повеќе фактори меѓу кои трговската војна меѓу САД и Кина, несигурноста што ја предизвикува излезот на Велика Британија од Европската унија, потоа регулативата со која се обврзува автомобилската индустрија да го намали производствот на дизел возила и да ја сцеде емисијата на јаглероддиоксит во законски рамки како и електрификацијата и намалувањето на интересот на купувачите.

Во светски рамки ќе бидат произведени и купени 4,3 милиони автомобили помалку од лани.Најголемо намалување на производството е најавено во Кина 12-13 отсто и Индија од 25 до 30 отсто. Многу помало намалување ќе имаат европските компании, а најмалку ќе биде погодена автомобилската индустрија во САД. Најголеми проблеми имаат компаниите кои произведуваат премиум возила како „Јагуар“, „Ленд Ровер“ и „Ауди“. БМВ, „Џенерал Моторс“, „Форд“, Нисан“, „Хонда“, „Дајмлер“, „Фиат“ веќе го објавија бројот на намалување на вработените. Производителите на компоненти, пак, чие производство е на исто ниво како лани, креираат залихи за да ја преживеат кроизата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...