Мигранти провалиле во куќата на Дино Мерлин

255

Двајца мигранти синоќа на полноќ провалиле во семејната куќа на пејачот Дино Мерлин во Сараево.

Како што неофицијално пренесуваат босанските медиуми, мигрантите во куќата на Мерлин влегле преку прозорецот, не обрнувајќи внимание на поставените камери во куќата.

Само што влегле, се огласил алармот, па двајцата крадци не успеале ништо да украдат.

Полицијата многу брзо се појавила пред домот на пејачот. Мигрантите почнале да бегаат, но по потерата, еден од провалниците бил фатен.
Мигрантот, како што се пренесуваат босанските медиуми, кај себе немал документи така што не можело точно да се утврди неговиот идентитет.

– Се работи за млад маж кој даде два датуми на раѓање. Еднаш наведе дека е роден во 1997 година, а вториот пат во 1998 година – рекол извор за босанските медиуми.

За време на обидот за кражба, пејачот и неговото семејство не биле во куќата.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...