МЗШВ: Стојчевски сѐ уште не е командир, ама нема друг што може да биде

Бидејќи нема друго лице вработено во Шумската полициска станица Делчево со високо образование-Шумарски факултет, Ило Стојчевски кој го поседува ова образование е овластен да ја води станицата, бидејќи законски за застапување и поднесување на пријави во судовите вработените треба да имаат високо образование“, појаснуваат од МЗШВ.

368

Ило Стојчевски е вработен во Шумската полициска станица (ШПС) Делчево од 1998 година на работно место заменик- командир, на која што работна позиција е сѐ уште, одговори Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство тврди дека не се точни информациите изнесени во јавноста дека Стојчевски е унапреден и назначен за командир.

„Во случајот не станува збор за унапредување и назначување, туку за времено овластување и извршување на работни задачи без дополнителен финансиски надомест. Бидејќи нема друго лице вработено во Шумската полициска станица Делчево со високо образование-Шумарски факултет, вработениот Ило Стојчевски кој што е единствениот во оваа станица со високо образование – Шумарски факултет, е овластен да ја води станицата, бидејќи законски за застапување и поднесување на пријави во судовите вработените треба да имаат високо образование“, појаснуваат од МЗШВ.

Стојчевски додаваат од таму, е овластен командир на ШПС Делчево, од моментот кога Дарко Тасевски (претходниот командир) си поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...