МЖ – Инфраструктура се обврза на култура на безбедност во железничкиот сектор

Со декларацијата сите потписнички заедно, активно ќе поттикнуваат меѓусебно почитување, поддршка и соработка за да се изгради меѓусебна доверба за да се овозможи работата да се изврши безбедно, вклучувајќи го описот на работното место, алатки, обука и процедури.

103
20150708 Wednesday 1011 Skopje zeleznicka stanica renoviranje soobrakaj prugi voz sini nov lik kenzo tange nova stanica rabotnici rekonstrukcija

На првиот самит за култура на безбедност во железничкиот сектор кој се одржа во Дубровник Хрватска и организиран од европската агенција за железници, Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура и Управата за сигурност во железничкиот систем во Република Македонија и компаниите учеснички, вклучувајќи тука и најголемите европски железнички компании во Европа ја потпишаа европската декларација за култура на безбедност во железничкиот сектор „The European Railway Safety Culture Declaration“.

Според Ирфан Асани, како што соопшти ЈП Македонски железници – Инфраструктура, оваа декларацијата претставува значаен документ за понатамошниот развој на железничкиот сообраќај и во Македонија.

– Декларацијата демонстрира посветеност на нејзините потписнички во промовирање на сигурноста на железничкиот сообраќај како и во целата железничка индустрија. ЈП МЖ Инфраструктура во целост ја прифаќа содржината на оваа декларација и целосно ќе ја промовира меѓу вработените и на компаниите со кои соработуваме – истакна Асани по потпишувањето.

Директорот на Управата за сигурност во железничкиот систем во Република Македонија Абдулкадир Исаки смета дека потпишувањето на оваа декларација од страна на ЈП Македонски Железници Инфраструктура е од големо значење за целиот железнички систем во Македонија.

Со оваа декларација сите потписнички заедно, активно ќе поттикнуваат меѓусебно почитување, поддршка и соработка за да се изгради меѓусебна доверба за да се овозможи работата да се изврши безбедно, вклучувајќи го описот на работното место, алатки, обука и процедури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...