МЖ Инфраструктура прво сертифицирано државно претпријатие за јавни набавки

Институтот за набавки и снабдување од Велика Британија е најдобар во светот со повеќе од 150 канцеларии во 150 држави и повеќе од 200.000 луѓе кои се специјализирани во делот на јавните набавки и снабдувањето.

130

ЈП Македонски железници Инфраструктура е првото македонско државно претпријатие што доби меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки од Институтот за набавки и снабдување (Chartered Institute of Procurement&Supply-CIPS) од Велика Британија.

– Поминавме низ детален и тежок процес на мониторинг во делот на справување со јавните набавки и снабдувања. Процесот беше инклузивен и ги вклучуваше правилниците и законите на земјава, но и на Европската банка за обнова и развој, како и европските правила и конвенции. Тоа би значело ефикасен, ефективен и инклузивен процес што ги вклучува сите највисоки стандарди на јавни набавки и снабдувања во делот на македонското и на европското законодавство – рече директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани на денешната прес-конфенција.

Тој посочи дека Институтот за набавки и снабдување од Велика Британија е најдобар во светот со повеќе од 150 канцеларии во 150 држави и повеќе од 200.000 луѓе кои се специјализирани во делот на јавните набавки и снабдувањето и додаде дека МЖ Инфраструктура е првото државно претпријатие во земјава кое добива ваков сертификат. Сертификатот, појасни, значи дека како фирма сме спремни да имплементираме проекти на најефикасен, најтранспарентен и најинклузивен начин со сите можни даватели на грантови и кредити и дека ги почитуваме највисоките стандарди за набавка и услуги и на македонското законодавство.

– До добивањето сертификат стигнавме со процес кој е јасно дефиниран со јасен концепт и стратегија и добро поставена структура. Со тоа во целина сме сертифицирани во делот на јавните набавки и продолжуваме и понатаму да ги имплементираме и другите проекти со највисок, најтранспарентен и најинклузивен процес – потенцира Асани и се заблагодари на ЕБОР за доделениот грант за спроведување на процесот на сертифицирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...