Меј ќе разговара со Јункер за Брегзит

47
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британската премиерка Тереза Мај денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во надеж дека од Брисел ќе ги добие отстапките, кои и се потребни договорот за Брегзит да биде одобрен од британскиот Парламент.

Би-Би-Си наведува дека Меј ќе разговара со Јункер по телефон.

Кабинетот на британската премиерка потврди дека Меј разговарала со некои европски лидери пред гласањето за договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

Портпаролката на Европската комисија изјави дека Јункер ќе ја сослуша Меј што има да каже.

– Претседателот е, се разбира, секогаш отворен да ја сослуша премиерката, така што тоа сигурно ќе се случи – изјави портпаролката Мина Андреева.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...