Меј ќе организира трето гласање за Договорот за Брегзит

51
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Британската премиерка Тереза Меј наредниве денови ќе се обиде по трет пат да ги убеди пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер да го одобрат Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го договори со Брисел лани во ноември.

Согласно одлуката што Парламентот ја усвои во четвртокот, доколку пратениците најдоцна до среда го одобрат Договорот, тогаш Меј од ЕУ ќе побара одлагање на Брегзит од 29 март за 30 јуни. Но, доколку пратениците и трет пат го одбијат Договорот, тогаш Меј ќе може да бара подолгорочно одлагање на британското истапување од ЕУ.

Меј ќе бара пратениците да се изјаснат по Договорот пред Самитот на ЕУ, што ќе се одржи в четврток и петок, на кој таа би побарала одлагање на Брегзит.

Британските пратениците првпат го отфрлија Договорот во јануари годинава, а вторпат минатиот вторник. По ова, во средата тие се изјаснија против Брегзит без договор, а во четвртокот ја прифатија Одлуката за одлагање на британското истапување од ЕУ по предвидениот термин 29 март.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...