Меј ќе го одложи гласањето за договорот за Брегзит, се плаши дека нема да помине

129
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британската премиерка Тереза ​​Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори, објави „Сандеј Тамкс“.

Весникот цитира „министри и помошници“, според кои Меј денеска ќе објави дека го одлага гласањето. Многумина предвидуваа дека таа ќе загуби на гласањето и министрите се загрижени дека поразот може да доведе до пад на Владата, пишува весникот.

Меј следната недла ќе замине за Брисел за да упати последен повик до Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија, со цел да добие поддршка од пратениците.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...