Британската премиерка, Тереза Меј, и натаму е на своето ветување дека ќе даде оставка, откако ќе заврши првата фаза од Брегзитот, со што би се отворила можноста нов лидер да преговара во втората фаза од процесот, изјави денеска нејзиниот портпарол.
Таа се наоѓа под зголемен притисок порано отколку што планираше да ја напушти канцеларијата. Членовите на нејзината Конзервативна партија тврдат дека таа не успеала да ја исполни желбата на британските гласачи кои се изјасниле за излегување од Европската унија.