Меј: Ќе го запечатиме договорот за односите со ЕУ в недела

78

Британската премиерка Тереза Меј денеска  потврди дека со Европската комисија е постигнат договор за нацрт- декларацијата за односите со Велика Британија и ЕУ по Брегзит и порача дека в недела „ќе се запечати договорот“.

-Договорот, кој го постигнавме е меѓу Британија и ЕК. Сега лидерите на 27 земји членки на ЕУ треба да го разгледаат тој договор во наредните денови до специјалниот состанок на ЕУ в недела, рече Меј.

Британската премиерка истакна дека британскиот народ „сака ова да биде запечатено, сака добар договор, кој води на патот кон светла иднина“.

-Договорот ни е на дофат на раката и јас одлучив да го оставарм, рече Меј.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ, информира дека преговарачите на ЕК и Обединетото Кралство усогласиле декларација за Брегзит за идните врски на двете страни.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, исто така, потврди дека преговарачките тимови на ЕУ и Велика Британија постигнале договор за нацртот на политичката декларација за идните односи на двете страни.

Се очекува лидерите на 27 членки на ЕУ на вонреден самит в недела да го потврдат нацрт договорот за повлекување и да ја одобрат политичката декларација за идните односи со Велика Британија.

Во седиштето на ЕУ во Брисел велат дека, и покрај одредени забелешки, пред се на тие кои ги изнесе Шпанија во однос на територијата на Гиблартар, се очекува в недела на самитот на ЕУ 27 да биде одобрен договорот за уредено повлекување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...