Меј – Путин: Русија да прекине со неодговорната активност

71
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Британската премиерка Тереза Меј побара денеска од рускиот претседател Владимир Путин екстрадирање на двајцата Руси кои Велика Британија ги смета одговорни за труењето во Солсбери.

Таа му се обратила на Путин дека Русија мора да ја прекине својата „неодговорна и дестабилизирачка активност“ со цел да се подобрат односите меѓу двете земји, кои се влошени поради наводното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал на британска територија.

Како што соопштува нејзиниот кабинет, Меј за време на нивниот состанок на самитот Г20 во Јапонија побарала од Путин двајцата руски државјани, кои Британија ги смета одговорни за нападот врз Сергеј Скрипал во Солсбери минатата година, да бидат изведени пред суд.

Тереза Меј истакна дека Британија останува отворена за подобри односи, но за да се случи тоа, руската Влада мора да избере поинаков пат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...