Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за брегзит- 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.
– Многу е јасно дека позицијата на Владата, од кога сме го покренале членот 50, е дека имаме времески рок од две години, кој се завршува на 29 март, и ние работиме на тоа – рече Меј.
Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит Оли Робинс изјави претходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со избори меѓу договор, кој го договорила премиерката Меј или со понуден период за спроведување на членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е формирана ЕУ.