Нема да има втор рефрендум за Брегзит, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.
– Британскиот народ гласаше да ја напушти Европската Унија. Нема да има втор референдум…под кои и да се околности – изјави портпаролот.
– На 6 јули британската Влада постигна договор за позицијата за преговори за иднисте односи на Обединетото кралство и ЕУ после Брегзит, изјави Тереза Меј.
Министрите го поддржаа планот за создавање зона на слободна трговија за индустриската и земјоделската стока со ЕУ, врз основа на заеднички правилник, како и „комбинирана царинска територија“, пренесе Би-Би-Си.