Премиерката на Велика Британија Тереза Меј и натаму смета дека најдобра опција за Британија е да ја напушти Европската унија со договор.
– Работев напорно, преговарајќи за најдобар можен договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Сега моите наследници треба да најдат решение и да дојдат до компромис – рече Мај, откако пристигна на состанокот на лидерите на ЕУ.
Таа не ги коментираше најавите дека по нејзиното заминување Велика Британија може да се соочи со хаотичен Брегзит без договор со ЕУ.
– И натаму сметам дека најдобра опција за Велика Британија е да ја напушти ЕУ со договор – рече Меј.
Тереза Меј истакна дека нејзина обврска, но и на Велика Британија, е до излегувањето од ЕУ на конструктивен начин да учествуваат во ЕУ политиката, вклучувајќи ги и разговорите за распределба на водечките позиции во Европската унија.