Меј: Ако Парламентот го одбие договорот, за Брегзит ќе одлучат пратениците

135

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека пратениците, доколку британскиот Парламент го одбие нејзиниот договор за Брегзит, ќе одлучат дали да ја напуштат ЕУ без договор или да се обидат да го одложат излегувањето на земјата од Европската унија.

Меј истакна дека Парламентот ако го отфрли нејзиниот договор со ЕУ следниот месец, тогаш пратениците ќе гласаат за тоа дали да ја напуштат Унијата без договор.

Доколку тоа не биде изгласано, што изгледа веројатно, тогаш тие ќе гласаат за тоа дали ќе бараат од ЕУ да го одложи излегувањето на Британија.

Британија треба да ја напушти Европската унија на 29 март, но досега Владата не беше во состојба да добие поддршка од Парламентот за договорот за напуштање на Унијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...