Меѓународна конференција – Срби и Албанци- кој пат понатаму

На собирот ќе се зборува за односите на двата народа, историски, политички и меѓународни околности кои ги генерираат тие односи.

97

Срби и Албанци- кој пат понатаму, е тема на меѓународната конференција, која денеска ќе се одржи во Белград, во организација на агенцијата Танјуг и албанската новинска агенција АТА.

На собирот ќе се зборува за односите на двата народа, историски, политички и меѓународни околности кои ги генерираат тие односи, како и по кој правец би можеле да се развијат во иднина, со оглед на истата цел, влез во ЕУ.

Воведен збор ќе има српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а за тоа што ги спојува двата народа, кои се пречките и како да се надминат ќе зборуваат пратеникот од Европскиот парламент Едуард Кукан, Ригелс Халили од Варшавскиот универзитет, професор Предраг Марковиќ и други, јави Танјуг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...