Мешавина од зачини која штити од појава на рак!

Сè е во куркумата. Нејзините анти-воспалителни способности се неверојатно моќни.

1161

Докторката Керолајн Андерсон истакнува дека не треба да се плашите дека ќе заболите од рак доколку ги помешате и консумирате овие три зачини. Се работи за смеса од три лесно достапни зачини.

Таа до своите сознанија дошла истражувајќи две илјади години стара традиција на употребување на овие состојки во источна Индија, а чии резултати се потврдени во западните медицински истражувања.

Докторката истакнала дека доколку ги користите овие три состојки секојдневно, значајно ги намалувате шансите да заболите од рак.

Тие три состојки се куркума, маслиново масло и црн пипер.

Измешајте една четвртина лажичка куркума со пола лажичка маслиново масло и додајте малку мелен црн пипер. Сè заедно добро промешајте.

Добиената смеса може да ја користите како додаток во салати и јадења, а можете и така да ја консумирате.

Доколку ја додадете во оброците кои термички се обработуваат, тогаш смесата додадете ја во храната на самиот крај за да не се преработи. Доколку ја јадете сама, можете да ја ублажите со малку вода. Внесувајте ја во организмот секојдневно и што почесто.

– Сè е во куркумата. Нејзините анти-воспалителни способности се неверојатно моќни.
Не постои ниту една друга природна состојка, која е ефикасна за намалување на воспалението како куркумата – тврди Андерсон.

Истражувањата покажале дека куркумата може да биде од помош во заштитата од рак на дебелото црево, простатата, мозокот и ракот на дојка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...