Метрополитен музејот одбива донации од фармацевтско семејство кое произведува опијати

60

Њујоршкиот музеј Метрополитен објави дека повеќе нема да прима донации од семејството Саклер кое се збогатило со производство на опијати, јави Би-Би-Си.

Супербогатото семејство е сопственик на Пурду Фарма, компанија која произведува лекови како што е аналгетикот Оксиконтин, поврзан со смртта на илјадници Американци.

Компанијата ги отфрла обвинувањата дека го намалувала ризикот од развој на зависност и злоупотреба, со цел лекот повеќе да се продава.

Одлуката на Мет следува по слични потези на други музеи. Националната галерија на портрети и галеријата Тејт во Лондон, како и њујоршкиот музеј Гугенхајм веќе се дистанцираа од контроверзното семејство.

– Музејот е благодарен и ги почитува оние кои не поддржуваат, но понекогаш е неопходно да се одбијат донации кои не се во интерес на јавноста или музејот, изјави Даниел Вајс, претседател на Метрополитен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...