Мета: Промена на границите само со проширувањето на ЕУ со Западен Балкан

147
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Единствената промена на границите за што мораме да работиме деноноќно во нашиот регион, е целосно проширување на европската граница кон Западен Балкан, порача денеска од Вашингтон албанскиот претседателот Илир Мета.

– Берлинскиот процес никогаш не беше изготвен да го замени европското проширување, туку беше замислен како стимулативен механизам за посуштински европски инвестиции и соработка во нашиот регион. Европското обединување и проширување се случи без оглед на сомнежите или двоумењата кои отсекогаш биле присутни – рече Мета во обраќаето на Форумот „Трансатлантска лидерска мрежа“.

Тој зборуваше и за визната либерализација за Косово со земјите на Европската унија.

– Би сакал да се задржиме и да се фокусираме на мудрата и храбра одлука на ЕУ за што поскоро спроведување на безвизен режим за косовските граѓани, и воопшто, за брзиот процес на зачленување на целиот регион во ЕУ – посочи Мета.

Во Вашингтон Мета се сретнал и со членови на Советот на амерканските амбасадори, при што ги запознал со случувањата во Албанија и „посебно со последните процеси во регионот на Балканот“.

Тие ја прифатиле поканата да ја посетат Албанија со „цел промоција на земјата и зацврстување на пријателството и добрите односи меѓу двете земји“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...