Мета побарал од Баша да ги информира сите опозициски партии за „државниот удар“

140
Photo: EPA / Malton Dibra

Албанскиот претседател Илир Мета денеска остварил итна средба со Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија,која ја предводи обединетата опозиција.

Како што објави претседателовиот портпарол,Теди Блуши, на средбата која е по барање на Мета, го запознал со загриженоста во врска со измените околу уставните надлежности на претседателот, со кои според Мета владата се обидува да го финализира државниот удар.

„Претседателот Мета го запозна Баша со последните анти-уставни скандали и обидите за државен удар на „Преродбата“(изборното мото на социјалистичката партија од последните парламентарни избори) и побара од него да ги информира и лидерите на другите опозициски партии. Претседателот рече дека ќе стори сé за да го спречи и да го растури државниот удар, давајќи го најсоодветниот одговор што го заслужува“, напиша Блуши.

И така заладените односи на релација претседател – влада уште повеќе се влошија по одземањето на уставната надлежност на претседателот за наименување судии во Уставниот суд и давањето заклетва пред него на уставните судии.

Деновиве, поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу во неговите совети за решавање на политичката криза во која се наоѓа земјата, повеќе од една година, му порача на Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот“.

– Претседателот на државата го претставува единството на нацијата а тоа единство не можете да го претставувате, ако заземете страна или учествувате во разни политички дебати. Претседателот одржува уставни дебати, за заштита на уставот и интересите на земјата. Се обидов да дадам пример, што го следам според искуството – изјави Моисиу

Тој беше претседател во периодот 2002 до 2007 година и е прв консензуален албански претседател.

ФОТО: EPA / Malton Dibra

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...