Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави одлуката на Хашкиот трбунал да му изрече доживотна казна затвор на Радован Караџиќ.
Тој, како што напиша на Фејсбук, иако ја оценува како задоцнета правда, во неа гледа „апел да не се заборави етничката омраза и геноцидот кои извираат од неа“.
– Одлуката на Хашкиот трибунал, со која е осуден Радован Караџиќ, не е само задоцнета правда, туку над се апел да не се заборави етничката омраза и геноцидот кој извира од неа и поука неуморно да се работи за соживот и хармонија меѓу народите, нациите и етнитетите на Балканот – напиша Мета.