Мета е горд на Харадинај, тој за него е државен и национален херој

100
Photo: EPA / Malton Dibra

По неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај реагираше и албанскиот претседател Илир Мета.

Преку пост на Фејсбук Мета изрази убеденост во невиноста на Харадинај и нагласи дека „не постои притисок кој може да го скрши државникот и национален херој”.

„Горд сум на Рамуш Харадинај и убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денеска сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина“, напиша Мета.

Во врска со оставката реагираа и актуелни и поранешни партиски лидери и министри, кои оценуваат дека тоа е чин на вистински државник и веруваат дека повторно ќе биде потврдена неговата невиност.

Нема реакција од премиерот Еди Рама, кој не е во добри односи со Харадинај, поради поддршката на Рама за идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за промена на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија, на што остро се спротивставува Харадинај. 

Photo: EPA / Malton Dibra

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...