Албанскиот претседател Илир Мета го соопшти својот став околу проектот за изградба на Големата обиколница во Тирана, барајќи поништување на истиот.
Во подолг текст објавен на официјалната страница на Претседателот, Мета ги наведува и причините.
Неговата реакција доаѓа по средбата со претставници на жителите од населбата Астир, кои протестираат повеќе од два месеца, бидејќи поради реализација на овој проект треба да се урнат над 300 објекти.
Мета оценува дека проектот има бројни законски нерегуларности.
Поконкретно, Мета вели дека „одлуката на Владата и државната агенција за патишта за повторно отворање на тендерскиот процес за реализација на овој проект, по раскинувањето на договорот за овој патен сегмент, во споредба со јавно декларираните факти, се смета за избрзан и необјективен зафат”.
Според него, моментно Обвинителството спроведува истрага околу ова прашање од која може да произлезат факти и околности кои може да донесат директни последици кои ќе влијаат и на тоа како овој проект треба да се реализира.
Тој изрази загрженост порад актот што без почитување на законскте одредби без претходна најава имало обид за урвање на домовте на жителите во оваа населба, што создало дополнителн тензии.
– На овој начин, со тврдоглавост тешко се повредени основните уставни човекови права – оценува меѓу другото Мета.
Посочувајќи дека со овој проект се погодени голем број жители, тој бара анулирање на проектот, Обвинителството го поттикнува доследно да ја изврши целосната истрага и да се изврши легализација на објектите според позитивните законски прописи.
Инаку, по објавувањето на скандалот со доделување на тендер врз основа на фалсификувани документи работите околу овој проект се во мирување.