Во сабота (09.02.) продолжува проектот на Здружението за социјални иновации „АРНО“, здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ кои ви нудат нова тура од 5 часови за готвење со шеф Маре Јаневска.
На менито на „Часови за готвење слоу фуд“ е часот „Месеници од тефтерот на баба“ кој ќе се одржи на истото место, односно, во кујната на средното угостителско училиште „Лазар Танев“.
На овие часови заинтересираните ќе можат да ги совладаат вештините за месење и сукање, да направат пита со сирење, да подготват домашни пита лепчиња и да испечат свој колач со јаболка.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.