Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат.
– Секако дека се бориме еден против друг – изјави Меркел за весникот „Зидојче Цајтунг“, коментирајќи ги нејзините односи со Макрон.
Меркел нагласи дека сепак и покрај различните гледања и сфаќања на работите, Берлин и Париз сосема природно се согласуваат за важните прашања.
Фото: EPA/FILIP SINGER