Русија како сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, сноси одредена одговорност за хемискиот напад во Источна Гута на почетокот на месецот, изјави денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел.
– Што се однесува до нападот со отровен гас во Сирија, знаеме дека Русија како сојузник на Асад има одредена одговорност, но сепак важно е да продолжиме да разговараме со Русија – изјави Меркел на заедничка прес-конференција со новозеландската пермиерка Џасинада Ардерн, која престојува во посета на Германија.
Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт преходно соопшти дека Меркел телефонски разгооварала со рускиот претседател Владимир Путин во обид да му се даде нов поттик на политичкиот процес за запирање на конфликтот во Сирија.
– Тие се согласија дека политичкиот процес треба да има главна улога во напорите за запирање на повеќегодишниот крвав конфликт – нагласи Зајберт.