Американскиот бизнис магазин Форбс ја објави листата на сто најмоќни жени во светот за 2018 година, а на прво место, осма година по ред, е германската канцеларка Ангела Меркел.
Форбс наведува дека иднината на Меркел е неизвесна, поради тоа што нема да се кандидира на изборите во 2021 година, но оти неоспорно е влијанието што го има како лидерка на Христијанскодемократската унија (ЦДУ) од 2000 година и како канцеларка од 2005 година.
На второ место е британската премиерка Тереза Меј, која во последните две години е на насловните страници поради обидот да ги спаси преговорите со Европска унија за Брегзит.
Трета највлијателна жена за годинава е директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лаград, која минатата година беше на осмото место на листата на Форбс.
На петто место е британската кралица Елизабета Втора, на шесто советничката во Белата куќа, Иванка Трамп.
На листата на Форбс за најмоќни жени во политиката хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е на 13. место , додека српската премиерка, Ана Брнабиќ, е на 21. место.
На 17.то место е високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.