Меркел предлага „ротирачки“ Совет за безбедност на ЕУ

78

Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за реорганизација на службата за надворешни работи на Европската унија и за создавање на „ротирачки Совет за безбедност на ЕУ“.

– Повикувам на воспоставување на Европски совет за безбедност со ротирачки членови, во кој ќе можеме брзо да дејствуваме – изјави Меркел во обраќање на собир посветен на ЕУ во баварскиот град Отобојерн.

Како што јави германскиот деловен весник „Ханделсблат“, целта на ваквиот предлог на Меркел е подобрување на капацитетот на ЕУ за дејствување во сферата на надворешната политика, со што би се обезбедила побрза и поефикасна реакција на Брисел.

Весникот наведува дека системот на ротација би подразбирал големите земји членки, како Германија и Франција, постојано да имаат свои претставници во евентуалниот Совет за безбедност на ЕУ, додека помалите држави од Унијата би се ротирале како негови членови по утврден редослед.

Според „Ханделсблат“, ова не е нова идеја, туку станува збор за решение кои и претходно беше предлагано, но беше отфрлено од помалите земји членки на ЕУ, кои го оценија како контроверзно.

Идејата на Меркел, следува откако неодамна претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи промена на правилата во ЕУ при носењето одлуки. Јункер предложи укинување на обврската за едногласно усвојување на одлуките ви ЕУ, туку наместо тоа решенијата да се носат со квалификувано мнозинство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...